ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА
“ПЕЛИСТЕРКА - Ваша здрава одлука”
Согласно Закон за игрите на среќа и за забавните игри „Службен весник на Република Македонија“ број.24/2011, 51/2011, У.бр. 53/2011 од 14.09.2011 година (Службен весник на РМ бр.132/2011), 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/14, 139/14, У.бр.8/2014-0-1 од 08.10.2014 година, 61/2015), 154/2015, 23 од 10.02.2016 и 178 од 26.09.2016; У бр.65/2016 од 5 јули 2017 година, (Службен весник на РМ бр. 90/2017) се утврдуваат следните правила:
1. Назив и седиште на трговското друштво кое е организатор на наградната игра
Приредувачот на наградната игра „Пелистерка – Ваша здрава одлука“ е Друштво за прозводство и трговија ПЕЛИСТЕРКА АД Скопје, со седиште на Ул. Булевар Кочо Рацин бр.97 1000 Скопје – Центар.
Член 1
Со овие Правила се утврдуваат општите услови за приредување наградна игра „Пелистерка – Ваша здрава одлука“ (во понатамошниот текст: наградна игра), со кои се определуваат начинот, постапката за учество, условите за учество, испраќањето на бројот на фискалната сметка и извлекувањето на наградите за наградната игра што ја организира ПЕЛИСТЕРКА АД СКОПЈЕ – со седиште на бул.Кочо Рацин бр.97 1000 Скопје.
2. Производи заради чие рекламирање се приредува наградната игра
Член 2
„Пелистерка – Ваша здрава одлука“ е наградна игра чија цел е рекламирање на производите од брендот ПЕЛИСТЕРКА АД Скопје.
3. Име, опис и времетраење на наградната игра
Член 3
Името на наградната игра е „Пелистерка – Ваша здрава одлука“. Тоа е наградна игра во која што се испраќа бројот на фискалната сметка на која што има купени Пелистерка производи (вода газирана, обична, слабо газирана и со вкус на лимон) во износ од најмалку 300 денари + ддв. Во наградната игра, учествуваат сите води на Пелистерка. Пелистерка газирана (2,0л, 1,5л, 1л, 0,5л, 0,33л, 0,25л и 0,75л), Пелистерка негазирана (2,5л, 1,5л, 1л, 0,5л, 0,33л, 0,25л и 0,75л), Пелистерка лајт (1,5л, 0,5л и 1л), Пелистерка со вкус на лимон (1,5л и 0,5л). Наградната игра започнува на 29.04.2022 и ќе трае до 29.07.2022.
4. Опис и содржина на потврдата врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра
Член 4
Право на учество се стекнува со купување на Пелистерка производи и испраќање на број на фискална
сметка. Број на фискална сметка во смисла на овие Правила, е фискалната сметка издадена од
продажен објект на територијата на Република Северна Македонија. На истата се наоѓаат купени
Пелистерка води, од било кое пакување, опишани во член 3 од овие Правила, во износ од најмалку
300 денари + ддв. Фискалната сметка која што е добитник на една од наградите, учесникот во
наградната игра е должен да ја чува до утврдување на вистинитоста на истата.
5. Територија на која се приредува наградната игра, односно на која се врши уплатата за учество во наградната игра
Член 5
Наградната игра се приредува на целата територија на Република Северна Македонија.
6. Податоци за наградите во наградната игра и вкупниот фонд на добивка и поединечни вредности на секоја награда од фондот на награди и вкупна вредност на фондот на награди, искажани во денари.
Член 6
Наградите во наградната игра се дебитни картички од Стопанска банка Битола, со износ од 3.000 денари и 12.000 денари. Дневно, ќе се доделуваат по 11 картички со износ од 3.000 денари и една картичка во износ од 12.000 денари. Или вкупно за сите три месеци додека трае наградната игра: 1001 награда x 3.000 денари и 91 награда x 12.000денари. Вкупен фонд на добивка: 4.095.000. Персоналниот данок се наплаќа од добитникот, а во негово име го уплаќа Приредувачот.
7. Услови за учество во наградната игра
Член 7
Право на учество во наградната игра „Пелистерка – Ваша здрава одлука“ имаат сите лица над 18 години, кои купиле вода Пелистерка од било кое пакување во износ од 300 денари плус ддв, односно лица кои што го испратиле бројот од фискалната сметка, датумот и времето на купување, на телефонскиот број 145 111 без користење на префикс, од било кој мобилен оператор во Р.С Македонија и кои ги исполнуваат условите од Член 4.
8. Тек на постапката на приредувањето, односно спроведувањето на наградната игра
Член 8
По купувањето на Пелистерка вода во било кое пакување, во износ од 300 денари, учесниците во наградната игра, го испраќаат бројот од фискалната сметка, празно место, датумот кога се купени производите, празно место, времето кога се купени производите на телефонскиот број 145 111. Цената на смс пораката изнесува 5,9 ден со вклучен ДДВ. Учесниците во наградната игра, ќе можат да испраќаат попраки преку СМС или веб страницата pelisterka.nagradnaigra.com.mk од 29.04.2022 од 00:00:01 до 29.07.2022 година до 20:59:59 часот. Со учество во наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие Правила и ја изразуваат својата согласност за прифаќање на истите. Малолетни лица немаат право да учествуваат во наградната игра. Секој учесник во наградната игра е должен да ја чува фискалната сметка со купени Пелистерка води до утврдување на вистинитоста на истата. Едно лице, во наградната игра, може да учествува неограничен број пати но со користење на различни фискални сметки.
Повратните одговри се следните:
- Кога учесникот праќа целосно/точна порака (број на фискална сметка, датумот (ден, месец) и времето на купување напишано на сметката (час, минута системопт испраќа одговор дека испраќачот е регистриран за учество во наградната игра и треба да ја чува фискалната сметка за доказ, доколку добие награда.
- Доколку учесникот испрати нецелосна порака, системот испраќа одговор дека испратената порака не е валидно форматирана и ќе содржи пример како треба да изгледа пораката.
- Доколку се испрати празна порака, системот испраќа одговор дека пораката е празна и дека е потребно да се изврши правилна регистрација
- Доколку бидат испратени податоци со претходно испратен број на издавање на фискалната сметка, датумот (ден, месец) и времето на купување напишано на фискаланата сметка (час, минута) системот испраќа одговор дека испратениот број е веќе искористен
- Доколку биде испратена порака пред почетокот на наградната игра, системот испраќа одговор на лицето што се обидело да се регистрира, дека наградната игра сеуште не е започната.
- Доколку биде испратена порака по завршувањето на наградната игра, системот испраќа порака дека наградната игра е завршена.
9. Место, време, начин, постапка и контрола на извлекување на наградите, односно на определување на добивките и добитниците.
Член 9
Добитниците ќе се извлекуваат по случаен избор со помош на компјутерска програма-софтвер за
извлекување, која ќе избира од базата на податоци по основ на пратената порака од секој учесник.
Софтверот за СМС пораки е изработен од: ТД ТЕРА КОМУНИКЕЈШНС ДООЕЛ Скопје, ул. 11-ти Октомври
бр. 25 кат 7, Скопје и се наоѓа на наведената адреса. Во наградната игра учествуваат фискалните
сметки на кои што има Пелистерка вода во износ од 300 денари. Првото извлекување на наградите ќе
се случи на 30.04.2022 година во 09ч. Наградите од 3.000 денари ќе се извлекуваат секој ден
од 30.04.2022 до 29.07.2022 во интервал од 09.00 до 20.00, на интервал од секој час. Додека
наградите од 12.000 денари ќе се извлекуваат од 30.04.2022 до 29.07.2022 секој ден во 21.00
часот.
Временската рамка за учество на фискалните сметки во наградната игра е следна:
регистрираните фискални сметки од 29.04.2022 од 00.00.01ч. учествуваат во извлекувањата на
30.04.2022ч од 09ч до 21ч, на секој час. Сметките регистрирани на 29.04.2022, ќе учествуваат во
извлекувањата од наредниот ден 30.04.2022 затоа што првиот ден од наградната игра нема да има
извлекувања (појаснување: наградната игра почнува на 29.04.2022. Регистрираните кодови на
29.04.2022 година, ќе ги собираме во текот на целиот ден и истите ќе учествуваат во сите
извлекувања, наредниот ден на 30.04.2022 година). Од 30.04.2022 па се до 29.07.2022,
регистрираните сметки до 21ч учествуваат во извлекувањата во тековниот ден. Сите останати сметки
кои ќе бидат регистрирани после 21ч на 30.04.2022 но и во останатите денови, учествуваат во сите
извлекувања наредниот ден. Односно, сметките регистрирани на 30.04.2022 после 21ч, учествуваат
во извлекувањата на 01.05.2022. Сметките регистрирани на 01.05.2022 по 21ч. учествуваат во
извлекувањата на 02.05.2022 итн, се до 29.07.2022 година. Сметките регистрирани на 29.07.2022 до
21ч учествуваат во извлекувањата на 29.07.2022. Со последното извлекување во 21ч на 29.07.2022
година, завршува наградната игра. Добитниците на наградите ќе бидат извлекувани поединечно по
наведениот редослед со софтвер подготвен за таа намена. Добитникот (добитниците) ќе биде
известен на добитниот телефонски број преку СМС порака. Дополнително, во рок од 3 работни дена,
истиот ќе биде исконтактиран од Приредувачот на наградната игра ПЕЛИСТЕРКА АД Скопје.
10. Начин на објавување на резултатите, односно добитниците на наградите
Член 10
Врз основа на записникот од Член 8 од овие Правила, се составува Извештај за резултатите од извлекувањето и од утврдувањето на наградите по број. Извештајот од извлекувањето се објавува во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на официјалната веб страна за наградната игра на Пелистерка и профилите на социјалните мрежи на Пелистерка (Фејсбук и Инстаграм). Комисијата за утврдување на веродостојноста на добитите фискални сметки, ја утврдува тричлена комисија составена од: 2 члена од организаторот на наградната игра односно ПЕЛИСТЕРКА АД Скопје и еден член од изведувачот на наградната игра односно ТД ТЕРА КОМУНИКЕЈШНС ДООЕЛ Скопје.
11. Начин на исплата, односно остварување на добивката
Член 11
Доделувањето на картичките се врши во просториите на Приредувачот на наградната игра, односно ПЕЛИСТЕРКА АД Скопје, со седиште на Ул. Булевар Кочо Рацин бр.97 1000 Скопје – Центар и/или во експозитурите на Стопанска банка ад Битола , по објавувањето на Извештајот. За исплата на наградите, Добитникот е должен да предаде (валиден документ за идентификација)лична карта за докажување на идентитетот и добитната фискална сметка (неоштетена и во оригинал)со која добитниците ги купиле производите на Пелистерка АД Скопје. Исплатата на наградта се врши по утврдување на полноважноста на условите од Член 4 од овие Правила.
- Доколку добитникот не ја сочувал добитната фискална сметка во оригинал истиот ќе биде дисквалификуван и наградата ќе се додели на првиот резервен добитник
- Доколку добитникот од која било причина не е во можност да ја подигне наградата, може да назначи лице кое ќе го стори тоа во негово име со Нотарски заверено полномошно, со приложување на потребните документи за идентификација и приложена фискална сметка (неоштетена во оригинал) од купените производи на Пелистерка АД Скопје која добитникот ја испратил во смс пораката.
- Доколку во рок од 60 (шеесет) дена добитникот не ја подигне наградата, наградата станува неважечка и добитникот нема право да ја подигне истата.
- Доколку добитникот го откаже подигнувањето на наградата од кој бил причина, должен е за истото да го извести Приредувачот - Пелистерка АД Скопје.
12. Рок во кој се врши исплатата, односно остварувањето на добивката
Член 12
Исплатата на наградите се врши во рок од 60 (шеесет) дена од објавувањето на Извештајот за резултатите и за добивките од играта.
13. Начин на запознавање на учесниците во наградната игра со правилата на игра
Член 13
Приредувачот е должен да ги објави правилата на игра на веб страницата на Приредувачот односно Pelisterka.com.mk. Исто така, приредувачот и во тек на траењето на наградната игра постојано ќе ги информира играчите за правилата за учество преку рекламните пораки во електронските и пишаните медиуми. На телефонскиот број 02 3221 109, секој работен ден во период од 09.00 до 16.00 часот, заинтересираните можат да добијат дополнителни информации за наградната игра.
14. Рок во кој незадоволниот учесник во наградната игра има право да поднесе приговор
Член 14
Доколку учесникот во наградната игра, смета дека е оштетен на било кој начин, има право да поднесе Приговор до Приредувачот во писмена форма на адреса бул. Кочо Рацин број 97, 1000 Скопје и тоа најдоцна во рок од 3 дена од објавата на секој Извештај во јавните гласила. По основ на овој Приговор, Приредувачот е должен да се изјасни во рок од 7 дена од добивањето на истиот.
Евентуално недоразбирање ќе се решава во духот на добрите обичаи и спогодбено, во спротивно надлежен е Основен граѓански суд Скопје со примена на важечките закони на РСМ.
15. Одговорност
Член 15
- Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на Приредувачот - Пелистерка АД Скопје.
- Со плаќањето на персоналниот данок и преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на Пелистерка АД Скопје спрема добитниците,
- Приредувачот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штета или тужба кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградите.
- Потенцијалниот учесник во оваа наградн игра рззбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик.
- Со самото учество во наградната игра учесникот се согласува доколку биде извлечен за некоја од наградите, неговите лични податоци да бидат јавно објавени,
- Приредувачот не одговара во случај кога добиената награда не може да биде дадена или искористена поради неможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки врзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околностите предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности,
- Во случај на печатни грешки во рекламните материјали Приредувачот нема да се смета за одговорен.
16.Прекинување на наградната игра
Член 16
- Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, вклучувајќи ја неможноста Приредувачот - Пелистерка АД Скопје да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја по добиена согласност од Министерството за финансии.
- Во овој случај Приредувачот - Пелистерка АД Скопје треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, истото ќе го направи со соопштение во медиумите.
17.Обработка на лични податоци
Член 17
- Приредувачот - Пелистерка АД Скопје, ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на наградната игра.
- Личните податоци и тоа: име и презиме, телефонски број, улица, број, поштенски код, град, како и лична карта на увид, од добитникот се бараат заради проверка на правото за учество во наградната игра.
- Личните податоци на добитниците нема да се користат за други цели, освен со изрична согласност на учесникот, која учесникот може да ја даде на Приредувачот - Пелистерка АД Скопје.
- Приредувачот - Пелистерка АД Скопје се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра.
- Личните податоци на учесниците во наградната игра ќе се користат само во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
18. Забрана за учество во наградната игра на вработените кај Приредувачот, како и членови на нивните потесни семејства
Член 18
Сите вработени кај Приредувачот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства, немаат право на учество во наградната игра.
19.Завршни одредби
Член 19
Со исполнување на правилата за учество во наградната игра, учесниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила се задолжителни за учесниците и истите ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерството за финансии на РСМ и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршување на наградната игра, односно завршување на рокот за подигнување на наградите.
Бр. ________
Скопје, 04.04.2022
Приредувач,
ПЕЛИСТЕРКА АД
Извршен директор
Дејан Панделески